Билтен за Охрид: Kривични за поседување кокаин и марихуана, физички напад …

- Локални, Хроника
326

На 17.02.2025 во 15.15 часот, на улица „Питу Гули” во Охрид, Б.П.(44) од Скопје физички го нападнал С.Ѓ.(45) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При преглед во возило „ауди” во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и го пренесле во Општата болница во Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.В.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При преглед во патничквозило „шкода” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, се обидел да исфрли пакување со кокаин, кое било одземено, а лицето било лишено од слобода.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(41), Ј.М.(31) и С.К.(28), сите од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При преглед во патничко возило „киа” во кое се превезувале, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари