Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Лице од охридското село Велестово возел со 1,60 промили алкохол во крвта, Физичка пресметка помеѓу две охриѓанки….

На 06.07.2025 година околу 20 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од СВР Охрид, од сообраќај го исклучиле Р.М.(32) од охридското село Велестово, откако бил затекнат дека управува моторно возило „Фиат” со охридски регистарски ознаки, под дејство на алкохол со 1,60 промили алкохол во крвта. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.07.2025 година во 22 часот, на улицата „Момчило Јорданоски” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Е.Н.(33) и Д.Д.(50), двете од Охрид. По целосно документирање наа настанот,ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.07.2025 година во 20,45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, три лица физички го нападнале Н.З.(33) од Куманово. Се преземаат мерки за целосно расветлување на натанот по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: