На 17.12.2024 во 22 часот на булевар „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и од Полициската станица Охрид од слобода го лишија Д.Г.(38), а на службен разговор го повикале А.Ф.(32), двајцата од Охрид. Полициските службеници, на булеварот „Туристичка”, запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двајцата, при што го забележале Д.Г. како исфрла пакување со прашкаста материја, кое било пронајдено и одземено. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.12.2024 во 03.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со повеќе убодни рани од остар предмет бил донесен Ж.Р.(34) од Охрид. По овластување од јавен обвинител, полициски службеници од СВР Охрид извршиле увид во казино во Охрид, со цел расчистување на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Нa 17.12.2024 во 20.45 часот на булевар „Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.М.(27) од Охрид, со привремено живеалиште во Австралија, затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на член на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво во обид” и „загрозување на сигурноста”. На 13.11.2024 во 22.15 часот во спортска обложувалница во Охрид, со закани и агресивно однесување кон вработениот се обидел да одземе пари, по што искршил делови од инвентарот и машините поставени во објектот.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари