Билтен за Охрид: Лишен од слобода охриѓанец кој со употреба на сила однел жена од Охрид во неговиот домот, физички нападната вработена во хотел…

- Локални, Хроника
92

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.20 часот со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во неговото возило „југо” со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом. По преземени мерки, полициски службеници ја пронашле жената во неговиот дом, по што тој бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 141 од Кривичниот законик.

На 12.08.2025 во 10:00 часот пред хотел на охридското крајбрежје, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Г.М.А.(46) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал вработена во хотелот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари