Билтен за Охрид: Лишен од слобода скопјанец во Охрид, Охриѓанец агресивно се однесувал кон членови од неговото семејство…

- Локални, Хроника
170

На 21.05.2025 во 15.10 часот на булевар „Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.Б.(70) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години за сторени повеќе кривични дела „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 21.05.2025 во 10.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.С.(25) од Охрид агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство, по што оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.05.20225 во 20 часот, во зграда на улица „Богомилска” во Охрид, едно лице физички го нападнало О.К.(42) од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.05.2025 во 13.30 часот на улица „15 Корпус” во Охрид, по случена сообраќајна незгода, Г.Н.(37) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вториот учесник во незгодата, Г.К.(71) од Охрид, по што го оштетил предното возачко стакло од неговиот автомобил. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари