На 05.06.2025 во 02.45 часот, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Р.С.(35) од Скопје кој претходно, на улица „15 Корпус” агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.06.2025 во 16 часот во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа на улица „15 Корпус” во Охрид, С.Т. физички ја нападнала С.М.(36), двете од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.06.2025 во 10.50 часот во СВР Охрид, В.М.У.(57) од Охрид пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари