Билтен за Охрид: Нападнат фудбалер, кривична за бесправно градење…

- Локални, Хроника
174
На 13.04.2025 во 22 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија С.Б.(43) од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од третата фудбалска лига одржан во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.К.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Тој, на катарстарска парцела во охридското село Рамне, без одобрение за градба, неовластено изградил објект за времено сместување кој спаѓа во градба од втора категорија, што било констатирано и при извршен вонреден инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при одделение за инспекциски надзор од општина Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

Facebook Коментари