СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При преглед на улица „Кленоец” во Охрид, а потоа и при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.
На 04.03.2025 во 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека З.С.(54) од Охрид агресивно се однесувал кон С.Д.(58) од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари