На 03.08.2025 во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го приведоа А.Е.(33) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.08.2025 во 16:30 часот, при извршени контроли на плажите во авто кампот „Градиште”, полициски службеници од СВР Охрид, на шанк од еден угостителски објект затекнаа вработени лица во објектот како послужуваат малолетни лица со алкохол. По налог на јавен обвинител, преземени се соодветни мерки за документирање на настанот, по што против правниот субјект и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари