На 03.01.2025година во 23,51 часот, во казино во Охрид, приведен е Г.Т.(44) од Охрид кој претходно, бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.01.2025 година во 21 часот, на улицата „Питу Гули” во Охрид, лишен од слобода е Н.А.(39) од Битола. Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје” од каде претходно избегал. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари