Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Приведен охриѓанец за брзо возење, физички напад…

На 04.01.2026  година во 15:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 02.01.2026 година во 02 часот, во угостителски објект на улицата „Партизанска” во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од П.Б. врз Т.Р.(43), двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.01.2026 во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: