На 19.05.2025 во 01.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.Р.(24) од Охрид затоа што претходно физички го нападнал М.Р.(26) од Охрид. По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.05.2025 во СВР Охрид е пријавено дека во 23.40 часот пред угостителски објект на улица „Јане Сандански” во Охрид е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.М. врз М.Р.(24), двајцата од Охрид. По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари