Билтен за Охрид: Приведен охриѓанец за кражба, кривична пријава за симнување или оштетување на службен печат или знак

- Локални, Хроника
231

На  25.12.2024 во 16.30 часот, во продажен објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е И.Ц.(46) од Охрид, кој претходно бил затекнат при кражба на помошен работен алат и прибор. Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(50) од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак”. Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, каде нелегално изградил објект, и покрај претходно донесено решение за отстранување на градбата и поставената службена лента за затворање на градилиштето и службен знак со податоци за затворање на градилиштето поставено од страна на овластен градежен инспектор при општина Охрид, пријавениот ги симнал и оштетил истите и продолжил со изведување на градежни активности.

Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

Facebook Коментари