На 22.05.2025 во 23.41 часот на булевар „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(45) од охридското село Долно Лакочереј. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,10 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(35) од Република Албанија, со привремен престој во Охрид и против А.Ш.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, а против С.Г. и за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги”. Пријавените набавиле кокаин за продажба на наркозависници, од кој дел е пронајден и одземен при контрола во патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, извршена на улицата „Васил Стефоски” во Охрид, управувано од лице од Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари