Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Пронајдено мртво исчезнатото лице, нападната мајка од нејзиниот син, со употреба на физичка сила одземен паричник…

На 08.12.2025 во 20:55 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека на улицата.„Сирма Војвода” во Охрид бил пронајден починат С.Н.(57). Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција.

На 08.12.2025 во 12:29 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 10 часот, во домот на Д.Б.(82) од Охрид едно лице влегло и со употреба на физичка сила, му  го одзел паричникот со пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

На 08.12.2025 во 14:10 часот во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода В.К.(41) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 65-годишна мајка дека физички ја нападнал. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline.

error: