Билтен за Охрид: Семејно насилство, физички напад, пронајдена и одземена марихуана….

- Локални, Хроника
75

На 04.06.2025 во 00.30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.А.(34), постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на неговото семејство. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.06.2025 во 13.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.П. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.06.2025 во 17.29 часот,на улица „Караорман” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М.(67) и М.А.(26) врз В.Ј.(55), Д.К.(44) и едно малолетно лице, сите од Охрид. Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.06.2025 во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка” со улица „Бистрица” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода С.(25) од Охрид затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени и одземени се марихуана и дробилкла со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари