Билтен за Охрид: Семејно насилство, напад, бесправно градење….

- Локални, Хроника
216

На 29.01.2025 во 21.10 часот на улица „Александар Турунџев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Н.(39) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот 34 – годишен брат. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.01.2025 во 22.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Даме Груев” во Охрид,  М.С. со остар предмет го нападнал Т.С.(51), двајцата од Охрид, при што му нанел телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.О.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”. На катастарска парцела во Охрид во државна сопственост,  спротивно на одобрен основен проект, тој неовластено извршил проширување со узурпирање на дворно место од заеднички станбен објект што било констатирано од овластен градежен инспектор и било донесено решение за отстранување на градбата.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари