Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Син се однесувал агресивно кон таткото, лице се оддалечило од домот…

На 02.11.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека Ж.Ш. од едно охридско село, во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2025 во 15:30 часот на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, при преглед во патничко возило „фолксваген поло” со охридски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(27) од Охрид, полициските службеници пронајдоа пневматски пиштол „Винчестер”, кој го носел спротивно на одредбите од Законот за оружје.

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2025 во 20:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека Е.Б.(59) од Охрид се оддалечил од семејниот дом во Охрид. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: