Билтен за Охрид: Сообраќајка кај селото Врбјани, кривична за лице од Ирска за пуштање во промет на наркотични дроги

- Локални, Хроника
225

На 21.01.2025 во 09.15 часот, на магистралниот пат А2, кај сeлото Врбјани, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(39) од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(72) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора” Ф.И., како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат” и неговата сопатничка В.Д. додека со телесни повреди се здобил возачот Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.Ш.(31) од Република Ирска, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 16.01.2025, при претрес во неговото патничко возило и во станот каде привремено претстојува, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја. На него му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари