На 21.07.2025 во 23.10 часот, на улицата „Партизанска” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо” со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(32) од с.Куратица, охридско и мопед „дерби” со охридски регистарски ознаки, управуван од И.С.(22) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид. По наредба на Јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
На 21.07.2025 во 13.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Д.А.(27) од Охрид, постапувајќи по претходна поријава дека на пресекот на улиците „7 Ноември” и „Марко Нестороски” во Охрид физички го нападнал А.Б.(30) од Охрид. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари