Билтен за Охрид: Во Охрид приведени лица од Скопје, Струмица и Косово за меѓусебна пресметка, сообраќајна несреќа меѓу мопед и велосипедист, физички нападната 45-годишна жена

- Локални, Хроника
174

На 24.06.2025 во 13.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа Н.З.(51) и А.З.(44), двајцата од Скопје, В.Т.(38) од Струмица и Е.И.(25) од Косово затоа што пред угостителски објект на булеварот „Македонски просветители” во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.06.2025 околу 19.00 часот, на улицата „7 ноември” во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Ф.М.(22) од Охрид и велосипед управуван од Н.Д.(60) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

На 24.06.2025 во 20.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.М. во својот дом во Охрид, физички нападнал 45-годишна жена од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари