Билтен за Охрид: Вратен исчезнатиот 70-годишен охриѓанец, Охриѓанец физички ја нападнал сопругата во семејниот дом….

- Локални, Хроника
292

На 16.12.2024 во СВР Охрид било пријавено дека во својот дом се вратил В.П.(70) од Охрид, за кој на 14.12.2024, неговиот брат Ј.Т.(71) пријави дека се оддалечил од домот.

На 16.12.2024 во 08.15 часот на улица „7 Ноември” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.Ч.(33) од Охрид, кој претходно предизвикал пожар во неговата куќа на улица „Андон Дуков”. Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, и по целосно документирање на настанот, против  ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.12.2024 во 14.25 часот, Б.С. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари