На 06.08.2025 во 22:50 часoт на улица „Маркс и Енгелс” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Б.(43) од Струга затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, полициското одделение во селото Велешта и од Регионален центар Запад од слобода ги лишија албанските државјанки М.И.(35), Е.И.(41), Е.Т.(30), Р.К.(34), Е.Т.(33) и Е.Т.(31). При контрола во објектот било констатирано дека го немале регулирано престојот во земјава. Тие биле спроведени во ОВР Струга за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.08.2025 во 21:00 часот на локален пат помеѓу Вевчани и струшкото село Октиси, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Д.Ш.(39) од Штип затоа што при преглед во возилото „хјундаи” со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.08.2025 во 16:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар во возило „фолксваген” со струшки регистарски ознаки, кое се движело на улица „Владо Малески” во Струга, сопственост на Ш.Х. од селото Радолишта, струшко. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
На 06.08.2025 во 10:40 часот, на регионалниот пат Р2243 во селото Биџево, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха” со германски национални ознаки, управуван од И.М.(38) од с.Мислодежда, струшко и велосипед управуван од Р.Т.(79) од с.Биџево, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари