Лев банер Десен банер

Билтен за Струга: Два случаи на физички напад на невенчаните сопруги, пронајдена марихуана….

На 11.12.2025 во 22:45 часот на кеј „8 Ноември” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(30) од Скопје, кој претходно, во семејниот дом во Струга физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.12.2025 во 02:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Ќ.Ќ.(33) од струшкото село Радолишта, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.12.2025 во 20:25 часот на ул.,,Нико Нестор” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга извршија преглед над Е.В.(21) од Струга и Л.Д.(22) од струшкото село Радолишта затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена марихуана. Тие се повикани на службен разговор во полициска станица и по целосно расветлување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: