Билтен за Струга: Случаи на физички напади, пронајдена опојна дрога Марихуана….

- Локални, Хроника
62

На 06.07.2025 година во 00.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишија Е.М.(38) од Охрид. При извршен преглед во возилото „Голф” со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.07.2025 година во 17.45 часот, во ОВР Струга е приведен Љ.А.(61) од Струга кој претходно, на улицата „Глобочичка” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Ш.А. (62) од Струга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.07.2025 година во 21 часот, пред продажен објект во струшкото село Октиси, Р.И, физички го нападнал М.Т. двајцата од истото село. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.07.2025 година во 20.10 часот, на улицата „Јна” во Струга, лишен од слобода е Е.А.(30) кој претходно, во угостителски објект лоциран на кеј „Борис Кидриќ” во Струга, со нож го нападнал А.В.(29), двајцата од Струга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.07.2025 година во 23.08 часот, на улицата „Владо Малески” во Струга, лишен од слобода е А.Б..(24) од струшкото село Шум. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле автомобил „Бмв” со дебарски регистарски ознаки што тој го управувал и при преземени мерки, кај него констатирале 1,65 промили алкохол во крвта. Поради загрозување на јавниот сообраќај, тој, веднаш е исклучен од сообраќај и против него, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило”.

На 04.07.2025 година во 11.15 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, на 03.07.2025 година, на улицата „Маршал Тито” во Струга, Н.Д. од струшкото село Радолишта, физички ја нападнал Ф.К.(37) од селото Франгово, нанесувајќи и тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Струга.. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.07.2025 година во 19 часот, на улицата „Боро Хаџиески” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Џ. од селото Долно татеши врз Б.Џ.(37) од селото Биџево. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари