Во Полициското одделение Велешта бил извршен службен разговор со К.Р.(48) од с.Лабуништа, струшко, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19:30 часот физички нападнал малолетник од с.Лабуништа. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.08.2025 околу 14.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека во атар на с.Долна Белица, струшко, настанал пожар во нива сопственост на О.Ц. од с.Октиси, струшко, при што биле опожарени сува трева и родни дрва и нива со сува трева, сопственост на А.Ќ. и Р.Ќ. од с.Велешта, струшко. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Запознаен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Струга.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.М.(19), А.М.(40) и Ф.М.(44), сите од с.Подгорци, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 24.07.2025 во с.Подгорци, полициски службеници запреле мотоцикл кој го управувал првопријавениот, при што било констатирано дека го управувал со измината важност на сообраќајна дозвола и му било укажано дека мотоциклот ќе биде одземен. После тоа, откако ги повикал, на местото пристигнале другите двајца пријавени со уште неколку лица и се обиделе да го спречат полициските службеници при извршување на службените дејствија.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари