На 20.06.2025 година во 23 часот во ОВР Струга е пријавено дека, две лица физички го нападнале А.Ќ.(50) од Струга, во дворот од неговата семејна куќа кој потоа билпренесен во Медицинскиот центар во Струга. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.06.2025 година во 18:30 часот, на улицата „ЈНА” во Струга, приведен е Д.Б.(58) од Струга кој претходно, бил агресивен кон У.Б. од Струга а потоа и кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари