Билтен за Струга и Охрид: Агресивно однесување во обложувалница, училиште и угостителски објект, физичка пресметка, повреден работник…

На 13.11.2024 во 13.50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода К.К.(26) од струшкото село Враништа. При преглед во возило „опел”, во кое се превезувал, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.11.2024 во 00.30 часот, во спортска обложувалница на улица „Гоце Делчев” во Охрид, А.Д. од Охрид со закана кон вработениот побарал да му бидат дадени пари од касата, по што оштетил неколку апарати за игри на среќа. По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.11.2024 во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа С.К.(29) од Охрид, кој претходно во угостителски објект на улицата „Кленоец” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.11.2024 околу 13.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека во кругот на едно основно училиште во Охрид, М.С. агресивно се однесувал и упатувал закани кон група малолетници, ученици во истото училиште. По целосно расветлување на настанот, против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.11.2024 во 17.08 часот, на улица „Егејска” во Охрид е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ј.(67) и Р.Т.(35), двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.11.2024 околу 12.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека, при извршување градежни работи во атарот на селото Волино, општина Дебрца, со повреди се здобил работникот З.Ѓ.(56) од Охрид. Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен Државен инспекторат за труд и безбедност при работа.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

