Билтен за Струга: Кривична за жител кичевското село Стрелци за закани со нож….

- Локални, Хроника
262

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Д.(36) од кичевското село Стрелци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница”. Тој, на 15.06.2025 година, на улицата „Партизанска” во Струга, предизвикал вербална расправија со А.Ч.. од Струга по што, на А.В. кој сакал да ја смири расправијата, му извадил нож и му упатил закани.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Б.(29) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Тешка телесна повреда”. Тој, на 29.05.2025 година, на регионалниот пат Струга-Дебар, на Д.М.(40) од Охрид му упатил закани а потоа физички го нападнал нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари