Билтен за Струга: Кривични пријави за узурпација на недвижности и неовластено користење оружје или распрскувачки материи

- Локални, Хроника
519
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Ш.(60) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. На катарстарска парцела во државна сопственост во атарот на струшкото село Подгорци, која ја закупил под концесија за одреден временски период, спротивно на Законот за градење и без решение издадено од надлежен Државен орган, пријавениот неовластено изградил помошен објект и  го засадил земјиштето. По истекот на рокот за важност на концесијата, пријавениот не го вратил во првобитна состојба за што бил должен и продолжил да го користи.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.М.(40) од струшкото село Горно Татеши поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа куршуми различен калибар, наменети за испалување од пиштол и полуавтоматски пиштол.

Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

Facebook Коментари