Билтен за Струга: Малолетник од Лабуништа нападнато од неколку лица, кривична за „бесправно градење“…

- Локални, Хроника
891

На 28.01.2025 во 12.55 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улица „Боро Калајџиески” во Струга, малолетник од струшкото село Лабуништа бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.О.(58) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. На катастарска парцела во селото, без одобрение и спротивно на одредбите од законот за градење, тој изградил индивидуална куќа за живеење, што било констатирано и од градежната инспекција при општина Струга.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари