Билтен за Струга: Напад со остар предмет, физички нападната партнерка, одземени шприцеви и ампули

На 03.12.2024 во 18.50 часот во ОВР Струга е пријавено дека , во куќа во Струга, Д.У. од Република Албанија физички ја нападнал неговата партнерка 47 – годишна партнерка од Струмица. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.12.2024 во 10.30 часот на улица „ЈНА” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа А.М.(43) од Струга. Во негова близина, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа два медицински шприцеви и четири искористени ампули за кои тој потврдил дека во нив имало метадон и сам лично ги искористил. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

