На 02.04.2025 во 13.10 часот на улицата „Јабланица“ во Струга од страна на полициски службеници приведен е С.А. (61) од Струга, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување и навредување на полициски службеници кои што извршувале службени дејствија.
По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 02.04.2025 во 22 часот во ОВР Струга Џ.Ќ. од Струга пријавил дека истиот ден околу 19,00 часот пред неговиот дом во Струга бил физички нападнат од Н.М. (60). По добиената пријава, полициски службеници од ПС ОН Струга го лишиле од слобода Н.М. од с.Калишта -Струга.
По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари