ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.П.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При контрола, извршена на улицата „15 Корпус” во Струга, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа синтетичка дрога МДМА.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.К.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница”. На 08.01.2025 во заедничкиот двор од куќа во Струга, по претходна расправија со негов роднина С.К.(33), со остар предмет му упатил закани, а потоа извршил оштетување на предмети од неговата куќа. Веднаш по настанот, тој бил приведен во полициска станица. По добиената пријава, напаѓачот, веднаш беше приведен во полициска станица.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари