На 29.07.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта го приведоа Р.Ш.(56) од селото Лабуништа, кој бил баран со наредба од Основниот суд во Струга за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба”. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа „Затвор Битола” за издржување затворската казна.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.С.(41) од струшкото село Заграчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Тој, на катастарска парцела во Струга, изградил станбен објект за кој, немал соодветна градежна документација, издадена од надлежен државен орган.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари