Билтен за Струга: Пронајдена марихуана кај лица од Подгорци, во Струга физички нападнат жител на с. Мороишта…

- Локални, Хроника
968

На 31.03.2025 околу 02.00 часот полициски службеници од ПО Велешта на локалниот пат село Октиси – село Велешта, при контрола на патничко возило „фиат“, управувано од лицето А.А. (28) од село Октиси, во кое сопатници биле лицата Е.Е. (33) и Б.М. (30), двајцата од село Подгорци, пронашле марихуана.

Возачот А.А. е лишен од слобода во ПО Велешта и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 30.03.2025 во 19.30 часот во ПС Струга Н.М. (26) од село Мороишта, пријавил дека истиот ден околу 18.40 часот, пред угостителски објект на улицата „15-ти Корпус“ во Струга бил физички нападнат од лицето Ј.П. од Струга.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари