Лев банер Десен банер

Билтен за Струга: Сообраќајка откако возел со алкохол во крвта, напад на службено лице, дрога…

На 27.07.2026 во 22:20 часот на ул.„Димитар Влахов” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Д.Ј.(32) од струшкото село Лабуништа. Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со бела прашкаста материја, кое било пронајдени одземено. По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.07.2026 во 21:15 часот на ул.„Туристичка” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Д.Т.(65) од Охрид. Тој, претходно, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат” со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и удрил во патничко возило „ауди” со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Б.(59) од Струга. По преземени мерки и извршени проверки, полициските службеници кај Д.Т. утврдиле 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

На 27.07.2026 во 20:35 часот на локалниот пат помеѓу струшките села Мислешево и Мороишта, полициски службеници го лишија од слобода Г.Џ.(48) од струшкото село Октиси. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него утврдиле 1,51 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(38) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на службени работи од областа на безбедноста”. На 30.05.2026 во атар на село Лабуништа, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

ОВР Струга поднесен кривична пријава против И.Р.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На ул.„Моша Пијаде” во Струга, полициски службеници извршиле преглед на возило, во кое тој се превезувал, при што бил пронајден и одземен кокаин.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: