На 12.12.2024 во 22.50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во семејна куќа во Струга, З.Г. физички нападнал член на семејството.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В. (31) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. При контрола и преглед извршен на кеј „8 Ноември” во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари