Билтен за Струга: Стружанец физички нападнат, пронајдена марихуана и кокаин…

- Локални, Хроника
1124

На 15.05.2025 во 19.05 часот во ОВР Струга е пријавено дека, на улица „Елпида Караманди” во Струга едно лице физички го нападнало В.В.(44) од Струга, по што извршил оштетување на неговото патничко возило.

По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М.(26) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

При преглед, извршен на улица „Пролетерски бригади” во Струга, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Б.(37) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

При преглед извршен во неговото патничко возило во струшкото село Велешта, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари