Лев банер Десен банер

Два случаи на напади на кучиња во Кичево

Два случаи на напади на кучиња во Кичево од полицискиот Билтен на СВР во Кичево, во кои се повредени 12-годишно дете и 41-годишен кичевчанец.

Првиот инцидент се случил на 30-ти јануари 2025 година, во 14:15 часот во ОВР Кичево, кога било пријавено дека на улица „Прилепска“ во Кичево, неколку кучиња скитници нападнале 12-годишно момче од Кичево, кое со повреди било однесено во Општа болница во Кичево. Таму, му биле констатирани телесни повреди и му била пружена медицинска помош.

Истиот ден, на 30-ти јануари 2025 година, во 21:30 часот, 41-годишно лице од Кичево во надлежна Полициска станица пријавило дека на улица „Прилепска“ во Кичево, било каснато од куче скитник.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: