Лев банер Десен банер

Двајца стружани извршиле четири тешки кражби во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица од Струга.

– 27-годишните С.О. и П.С., двајцата од Струга, во текот на минатиот и почетокот на овој месец, со подесен алат и физичка сила провалиле во продавница, бутик и сендвичара на подрачјето на Охрид од каде одзеле каса, пари, лап топ компјутер, мобилен телефон, фотоапарат и други предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од  22.500 денари, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Strugaonline

error: