Лев банер Десен банер

Двајца велешани осомничени за измама на 88-годишен жител од Струга, му земале 300.000 денари

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(43), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Тие, делото го сториле на 06.08.2026 на ул. „15  Корпус” во Струга, каде пресретнале 88- годишно лице од струшко село и со намера за себе да прибават противправна имотна корист, го довеле во заблуда и со лажно прикажување го навеле да им донесе пари. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна парична корист од околу 300.000 денари.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: