Две лица од Струга кривично ќе одговараат за измама
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, НККР Струга, до надлежното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против И.К.(58) и С.К.(38), двајцата од Струга.
– Казненото дело, пријавените го сториле на штета на лицето Р.Н.(41) од кој добиле барање за вкупен износ од 353.730,оо денари да му изработат дрвена столарија, врати, кујни и други елементи. Откако ги добиле парите, сега пријавените не ја изготвиле нарачаната столарија и не му ги вратиле парите.
Со извршувањето на казненото дело, двајцата пријавени се стекнале со против правна имотна корист од 353.730,00 денари. – информираат од СВР Охрид
Извор: СВР Охрид

