ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч.)42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.
На 20.04.2025 во негова нива на регионалниот пат Струга-Калишта го запалил отпадот, од кој настанал пожар кој се проширил на дрвена барака и на нискостеблеста вегетација.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.С.(59) од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност”.
На 08.07.2025, обработувајќи нива во атарот на истото село, тој предизвикал пожар кој брзо се проширил на соседните ниви засадени со житни култури, како и на блиската депонија.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари