На 15.06.2022 околу 02.30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Популарнo…
ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ
Play radio 13 години ваш верен пријател во етерот
Авторката Дијана Петрова го промовира својот нов роман ,,Излегувањето од сенка“
Надица Шикоска Симиџиоска: На мозочниот удар што го доживеав, денеска гледам како благослов и мотив за духовен раст
Симон Трпчески одржа спектакуларен концерт во струшкото село Збажди
Струга е подготвена за јубилејното 50-то издание на Меѓународниот ракометен турнир
Facebook Коментари