Едно лице со тешки повреди по излетување на возило од патот Кичево–Охрид
На 10.06.2026 во 17:50 часот, на магистралниот пат Кичево – Охрид, патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К.(23) од Обединето Кралство, удрило во метална ограда и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 23-годишна сопатничка Б.А. од Обединето Кралство, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

