Лев банер Десен банер

Едно лице загина,а двајца се повредени во сообраќајка на патот Кичево –Охрид

На 20.05.2019 година во 13.55 часот, на магистралниот пат Кичево –Охрид, во близина на кракот за кичевското село Добреноец, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили „Сузуки Марути“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ј.С. (58) од селото Лавчани и возило „Волксфаген Пасат“ со кичевски ознаки, управувано од С.С. (30) од Кичево. Во незгодата, Ј.С. (58) возач на автомобилот „Сузуки“ им подлегнал на повредите, додека С.С. (30) возач и С.С. (51) сопатник во возилото „Пасат“, се здобиле со телесни повреди.

Сударот е случен помеѓу предните делови на двете возила пришто, автомобилот „Сузуки“ кој се движел во правец Охрид-Кичево,  се превртел на кровот.

На местото на сообраќајната незгода увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

error: