Физичка пресметка во Струга помеѓу женски лица од Вевчани и Враништа

- Локални, Хроника
2360

На 17.06.2025 околу 16.30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул.„Владо Малески“, на мост на поезија во Струга, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две 16-годишни девојки од с.Вевчани и од с.Враништа, струшко, по што дошла и К.П.(20) од Вевчани и физички ја нападнала девојката од с.Враништа. Подоцна, К.П. била приведена во полициска станица и со неа бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари