Физички напад во семејниот дом во Струга, полицијата трага по осомничениот
На 01.02.2026 година во 17:00 часот во ОВР Струга било пријавено дека К.С. од Штип физички ја нападнал својата сопруга во семејниот дом во Струга.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на осомничениот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Случајот се расчистува и се постапува согласно законските надлежности, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

