Ин мемориам: Почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј

- Македонија, Хроника
605

По кусо боледување, денеска на 73 години во Скопје почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј.

Владиката Тимотеј кој ја вршеше и функцијата портпарол на Синодот на Македонската православна црква, починал во болница каде бил хоспитализиран пред неколку денови поради проблеми со срцето.

Митрополитот Тимотеј, со световно име Славе Јовановски, е роден на 20-ти октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Почитта на младиот Славе кон Бога придонесла по завршувањето на основното училиште да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски”, прво во манастирот „Горни Свети Илија” во село Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево, завршувајќи ја со одличен успех.

StrugaOnline

Facebook Коментари